Управување со безбедност и здравје (OHSAS 18001)

Управување со безбедност и здравје (OHSAS 18001)

Зошто OHSAS 18001?

Овој стандард е универзален водич за активно управување и контрола на OH & S ризици. Структурата и формата е слична со другите стандарди како ISO 9000 и ISO 14001 и може да се примени на било кое национално законодавство. Примената на OHSAS 18001 поставува барањата за меѓународно признати безбедносни стандарди, дури и ако разликите во строгоста на државната легислатива постојат.

Кои се главните точки на LL-C при OHSAS сертификацијата?

Анализа на ризикот -

Ние не ги проверуваме официјалните исполнувања на законодавството, но ние јасно ја анализираме фактичката состојба и се обидуваме да го идентификуваме можниот ризик. Кои се потенцијалните ризици за животот и здравјето, кои се ефектите од долгорочните здравствени ризици и нејзините влијанија? Најголема улога овде игра искуството на аудиторот.

Управување со ризик -

Ние оверуваме дали организацијата има заведено мерки кои се доволни да ги елиминираат или намалат безбедносните ризици. Овде се имплементира искуството на аудиторот кој го има за систематските познавања.

Законодавство -

Ние ги споредуваме дали безбедноста политика и процеси, се во сообразност и ги земаат во предвид законодаврните барања. Без оглед дали организацијата ги следи промените во законодавството и нејзината примена.

Развој и подобрување на системот -

Целта не е да се одржува ситуацијата која ќе одговара на постојните прописи. Ние сакаме да се развие и да се подобри системот заедно со идните технички, законодавни и социјални барања во организацијата. Ние сакаме овој процес да биде составен дел од секојдневнот управување и да не ја оптоварува организацијата од гледиште на човечките ресурси и финансии.

Искуство и нашите подобрување

Пристап на Вашите вработени кон системот на контрола.

По завршување на аудитот побарајте неколку од вашите вработени за нивното мислење за тоа како тие ги гледаат бенефициите на аудиторот за неговата работа и надлежност, пристап и јасност на прашањата.

Спектар на нашата евиденција.

Прописите на OHSAS 18001 бараат да се водат разни деловни записи од вашите активности. Во овој случај ние имаме две варијанти. Во поголемите организации (преку 200 вработени) се користат темелни записи кои се важни за проценка, статистичка анализа и превземање на акција. Во помали компании се става акцент на на случај од случај, каде главно е искуството кај оние кои се одговорни за безбедноста во организацијата (спроведување на евиденцијата е задолжителна според законодавството).

Безбедносни активности.

Ако зборуваме за технички мерки и инвестиции од страна на организацијта за безбедноста при работа, треба да имаме во предвид дека овие мерки не се евтини. Во случај на промена на технологиите или нови инвестиции препорачуваме да се изврши правилна анализа за да се избегнат дополнителните трошоци. Втората препорака е обука и настава на вработени кои се вршат на неформален начин, да се стави акцент на одредени технологии кои се користат. Само квалификувани вработени би можеле да донесат намалување на трошоците во текот на етаблирањето на безбедносните мерки.

Нашиот пристап кон избрани елементи од стандардот

5.3 Безбедносна политика.

Мора да одговара на природата на ризикот во организацијата вклучувајќи и посветеност кон почитувањето и подобрувањето на прописите. Во интегрираните системи препорачуваме да се поврзат, подобрување на технологијата на производство во смисла на обезбедување на квалитет и сигурност на производот и безбедноста на животната средина.

4.4.2 Обука, свест, професионални квалификации.

Доколку ги обучувате вашите вработени на некој акт во однос на производството или други активности, незаборавајте да приклучите и дел кој е поврзан со безбедноста во дадената област. Ќе имате за пократко време, повисоко внимание од страна на вработените, подобро разбирање поради поврзаноста со праксата и помалку извештаи. Наше мислење е дека обуките на вработените треба да се сметаат како основни работа, стекнатите знаења се поважни од совршениот опис во контролната документација.

4.4.3 Комуникација.

Фокусот на вниманието на безбедноста не само на вашите вработени туку и на надворешните работници, снабдувачите, корисниците и нивнита работни места исто така. Оваа решение може да се спроведе само со добра комуникација.

4.5.1 Следење и мерење.

Ова е најмалку популарен елемент, но имајте на ум дека, со правилна и неформална примена може да остварите заштеди, каде не ќе мора да се извршат други поединечни мерења. Кај поголемите организации акцент ставаме на конторлните одделенија што значи и малку поголеми трошоци.

OHSAS и државен надзор на полето на работната заштита

OHSAS е правило кое со негова имплементација на организацијата и овозможува активно управување со безбедноста за да се спречи случајна несреќа врз основа на корективни и превентивни активности, интерен аудит, следење на корпоративните активности и анализа на евиденцијата. Во прилог на овој систем се воведува и активно следење на развојот на законодавството и технолошкиот напредок. Државниот надзор спроведува статичен аудит, каде врши евалуација на безбедносните услови во согласност со правилата за безбедност во одреден период. Воведувањето на систем за управување на OHSAS 18001 и негово спроведување како што е пропишано има за цел да се спречат какви било неправилности кои би можеле да се појават при надзор на државната администрација.

ISO 9001 & ISO 14001 Integration

The most commonly used combination of an integrated management system. A very similar structure of all standards can plan, monitor and make changes to processes simultaneously in order to meet all requirements.

Контактирајте не
+ 389 75 333 440
Vilma.Delova

News
Sep 1 2018 12:00AM Energy management audits

Ве информираме дека стандардите за сертификација за системите за управување со квалитет и животната средина, ISO 9001: 2008 и ISO 14001: 2004, истекува на 15 септември 2018 година. Нашите информации покажуваат дека за време на овој транзициониот период сеуште не се сите клиенти трансферирани за нови верзии на овие стандарди ISO 9001: 2015 и 14001: 2015.

Mar 1 2013 12:00AM ERCA registration

We started a personnel certification project under the Italian accreditation (ACCREDIA) with a certifcate registration under the scheme ERCA. We offer 12 fields of personnel certification.

older news